За да не ги рaзочарате вашата драга партнерка, мајка, сестра или пријателка за празникот посветен на жените овие работи треба да ги одбeгнувате како подарок:
Плишени животни
Ако подарокот го купувате за возрасна личност, плишените играчки никако не доаѓаат во предвид.
Пластично цвеќе
На овој подарок нe треба да се помисли.
Пари
Ова едноставно нe е подарок што треба да се дава кога сакате да искажете љубов и внимание.
Нешто корисно
Папучи или перница – никој не посакува такво нешто, па ни вашата девојка.
Фустани
Жените обожаваат фустани, но попрво би го одбрале сами.
Парфем
Изборот на парфем е нешто многу лично. Доколку не сте целосно сигурни кој парфем би го сакала таа, не одбирајте ваков подарок.
Иако за некои е по малку клише, цвеќето и понатаму е подарок број 1. Сепак, внимавајте на следниве работи при изборот…
Букетот свежо цвеќе никогаш не е гpешка. Покрај тоа, додајте и чоколадо што вашата дама го обожава и ќе имате совршен подарок.