Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека оваа влада треба брзо да падне за да се врати некаков ред.
– Без разлика дали сте за или против вакцините, да кажеме дека многу европски држави, скоро сите, ДА, СКОРО СИТЕ, веќе почнаа со вакцинацијата против Ковид 19.
Македонија нема да почне ниту до март…Која трагедија од неорганизирана држава ја направија…
Да беше другото време, веќе ќе беа вакцинирани медицинските лица и хронично болните, а ќе бевме на почеток од вакцинирање на повозрасните граѓани (според своја воља, секако)…
Станавме дупка на Европа, станавме последно дно…
Нема полошо организирана Влада од оваа…
Жално, ова треба брзо да се сруши за да се врати бар некаков ред…