ИНТЕРЕСНА ИДЕЈА НА „ЕМИРАТИ“: Националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати вработува 8-месечно бебе како “работник кој ќе шири среќа”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во малку бизарно назначување на работното место, националниот авиопревозник на ОАЕ најми бебе како најмлад вработен “кој ќе шири среќата”, но јавните обвинители на Абу Даби беа помалку импресионирани.

Синот на вработена мајка во цивилното воздухопловство во Абу Даби очигледно ширел среќа и позитивноста кај работниците, па како резултат на тоа директорот на компанијата го назначи детето за “најмладиот извршен директор за ширење позитивна енергија”.

Видео снимките од бебето кое се смее во вторникот се ширеа на социјалните медиуми, во кои се гледа дека бебето е вклучено во голем број активности во канцеларијата, кои очигледно го зголемуваат моралот на работниците.

Сепак, Јавното обвинителство ж во Абу Даби го забележа ова необично назначување и ја повика извршната власт да ја објасни ситуацијата, објави националниот сервис на ОАЕ.
Досега не беа покренати обвиненија против компанијата, но истрагата е во тек.

Обединетите Арапски Емирати имаат назначен државен министер за ширење среќа кој ги надгледува плановите, програмите и политиките на Обединетите Арапски Емирати, чија цел е постигнување на посреќно општество.

Сепак, корисниците на социјалните медиуми не го сместија назначувањето за позитивен чекор; тие, наместо тоа, го сметаа за нешто навредливо, според националниот сервис на ОАЕ.

“Ова ја прави мојата крв да врие. Квалификуваните и образовани мажи и жени во Емирати не можат да најдат работа тие ангажирале бебе! Размислете за моето дете”, напиша еден корисник.

“Официјалните лица кои се сетија на ова треба да си го проверат менталното здравје”, рече друг.

Трет корисник го опиша назначувањето како “лош публицитет”.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This