Инцидeнт во Вашингтон: Boeна база под блokaда откако вoopyжено лице влегло во комплексот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воената база во американската престолнина Вашингтон денеска беше привремено блокирана, откако вооружено лице избегало во комплексот за време на полициската рација и истрага за пукањето на улиците околу базата.

Блокадата беше укината по час и половина, а лицето беше приведено објавија службениците на базата, а пренесе „Гласот на Америка“.

Преку пост на Фејсбук профилот на базата „Анакостија – Болинг“ беше алармирано дека дека лицето е забележано во јужниот дел на воениот комплекс.

“Ако го видите тој поединец трчајте. Ако не можете да избегате од безбедната рута, скријте се. Сокријте се, исклучете ги светлата, мобилниот телефон“, се вели во објавата на ФБ профилот на базата.

Официјалните претставници првично соопштија дека се во потрага по две лица, но во подоцнежниот извештај се откри дека само едно осомничено лице е во бегство.

Нема информации за жртви или повредени.

Во базата, која се протега на повеќе од 360 хектари во југоисточниот дел на Вашингтон, се сместени припадници на воздухопловните сили, крајбрежната стража и маринците, заедно со локалната канцеларија на Службата за поморска криминална истрага и седиштето на Агенцијата за одбрана.

Пред само една недела, еден припадник на безбедносните силибво Пентагон почина откако беше прободен со нож во блиската станица за јавен превоз.

Полицијата пукала во осомничениот, кој починал на лице место.

Поради овој инцидент Пентагон, седиштето на американската војска, беше под неколку часовна блокада.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This