Иран ќе забрани чување домашни миленичиња и шетање кучиња?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Иран наскоро ќе се казнува чувањето миленичиња и шетање кучиња, објавија локалните медиуми.

Најконзервативните во парламентот денеска поднесоа нов закон со кој шетањето на кучиња ќе се санкционира со високи казни, а автомобили во кои се возат миленичиња ќе бидат запленети три месеци, пренесува ДПА.

Покрај тоа, станодавците нема да можат да изнајмуваат куќа или стан на сопствениците на домашни миленичиња.

Според исламот, чувањето миленичиња во куќата се смета за нечисто, но дел од иранските парламентарци веруваат дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.

Полицијата неколку пати се обиде да ја воведе забраната, но таа не се реализираше, па сега првпат се воведува со закон.

Но, познавачите на ситуацијата во Иран очекуваат сопствениците на домашни миленичиња да го игнорираат законот, исто како и претходните забрани.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This