- Advertisement -
Саудиска Арабија постигна договор со Ватикан за изградба на цркви за христијани кои живеат во таа земја.
Овој историски договор го постигнале кардиналот Жан Луис Тауран и Мухамед Бин Абдел Карим Ал-Иса од Муслиманската светска лига.
Кардиналот ја посети Саудиска Арабија оваа година, кога кај кралското семејство се залагаше за еднакво третирање на сите граѓани на таа земја.
Покрај изградбата на црквите, ќе биде основан и комитет чија цел ќе биде подобрување на односите на христијаните и муслиманите.