Кадиров до Макpoн: Пpecтани со нaпaдитe врз мycлиманите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска го повика францускиот претседател Емануел Макрон „да запре со напади врз верата“, откако Макрон убиството на професорот во Париз го нарече „исламски сепаратизам“. Макрон на 20 октомври предупреди дека француските власти „ќе се борат против секој што се залага за радикални идеологии и сè што оди со тоа“.

Претседателот на Франција го изјави тоа на погребот на убиениот професор, а истовремено вети дека во земјата ќе продолжат да се објавуваат карикатури на пророкот Мухамед, што предизвика гнев кај муслиманите.

– Макрон е совршено свесен дека карикатурите на пророкот ги повредуваат верниците. Тој само го разгорува огнот, наместо да го гасне. Го советувам да престане да ја напаѓа верата. Додека другите европски лидери не започнат да ги почитуваат религиите, културата, моралот, нема да има убава иднина или мир во нивните земји. Исмевањето на религијата, потсмевот, во Франција се нарекуваат слобода на говор. На тој начин ги кршат вредностите и правата на другите луѓе, напиша Кадиров на Телеграм.

Чеченскиот лидер додаде дека никој нема право да исмева ниту една религија, додавајќи дека француските власти немаат храброст да признаат дека потсмевањето било причина за трагедијата во Париз.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This