Касами: Лошото менаџирање ни донесе урбанистички хаос во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва, во продолжение на предизборните активности во Тетово, лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами разговараше со граѓаните во населбата Тетекс 2.
Тој ја претстави својата програма „Me ka krejt – за нашата општина“, при што вети дека проблемите со кои се соочува оваа населба ќе бидат решени само доколку општина Тетово ја предводи Движењето Беса.
-Една од најчувствителните точки на секоја општина е урбаниот сектор. Лошото управување со овој сектор во општина Тетово донесе вистински хаос во градот, а хаосот во сообраќајот го отежна животот на граѓаните со зголемување на нивото на стресот, оштетување на менталното здравје и влијание врз влошувањето на имиџот на Тетово. Со овие проблеми исто така се соочува и ова населба, затоа ние, за разлика од другите кои го сакаат само вашиот глас, ние ви ви даваме ЗБОР (БЕСА) , како што вели и нашата легенда, ние, доколку е потребно, стануваме и од гроб, бидејќи ние сме луѓе од ЗБОР (БЕСА), рече лидерот на Движењето Беса и можен кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами.
Незадоволството, очајот и револтот што произлегуваат од лошото управување бараат посилно раководство, која ќе ги заштити интересите на нашите граѓани и ќе ја заштити нашата заедничка средина.
Движењето БЕСА е посветено за општина каде што ќе има ред и дисциплина. Примена на законот за сите подеднакво, без оглед на партиската, етничка и верска припадност. Време е, рече Касами, да излеземе од ќорсокакот каде што сме

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This