Котлар за изјавата на Заев: Историјата на македонскиот народ не може да биде желботека на нeписмените (ѓоа)политичари и мегдан за фaлсификување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историчарката Наташа Котлар ја смета за неука, суртучка, безобразна денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека „ќе се интервенира во учебниците онаму каде што пишува бугарски фашистички окупатор“.

@НЕУКА, суртучка, безобразна е денешната изјава, дека ќе се интервенира во учебниците онаму каде што пишува бугарски фашистички окупатор! Учебниците треба (а, така е насекаде), да се пишуваат врз основа на научните сознанија и принципи, а не според желбите на еден премиер, претседател или владетел за „пријателски дух“. Ова е фалсификување на некогашната сегашност – минатото, на еден народ. Напротив, во Европа и во светот, фашистичката власт или окупација има и етничка определба. Така, во учебниците стои формулацијата – германски фашистички окупатор (Полска, Словенија и др.), јапонскиот фашистички окупатор (Кина) итн. И во историјата на македонскиот народ е коректно напишано дека во периодот од 1941 г. до крајот на 1944 г., тој се борел против – германскиот, италијанскиот и бугарскиот фашистички окупатор и против албанската колаборациска фашистичка власт. Ова го има во документацијата на антифашистичката борба на македонскиот народ и во документите на АСНОМ. Историјата на македонскиот народ не може да биде желботека на неписмените (ѓоа)политичари и мегдан за фалсификување! Недостоинствено, ненаучно и срамно!“, пишува Котлар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This