Коњановски: Вo пpвитe 70 дeнa ќe ги пpeтcтaвaм peзyлтaтитe oд aктивнocтитe и плaновите за ocтвapување на 241 прoeкт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски вели дека гарантира дека во рок од СЕДУМ дена од неговото официјално преземање на градоначалничката обврска, започнува со чекори за операционализирање и конкретизирање на активностите кои ќе значат работа и функционирање на општината.

Тоа се прецизни акциски планови за седумте клучни подрачја:

1. Подобри услови за живот за сите луѓе кои живеат во општна Битола – најмалку две нови инвестици и нови работни места за младите.

2. Ефикасна дигитализирана општина

3. Урбана инфраструктура веднаш, зелена и чиста Битола

4. Образование за 21 век, социјална заштита според индивидуалните потреби на секој поединец, разновидна и уникатна културна понуда.

5. Битола не смее да губи ни ден во борбата за здрава животна средина.

6. Битола топ туристичка дестинација.

7. Битола град на спортот, на спортистите и спортската публика, вели Коњановски.

Посочува дека во првите 70 дена ќе ги претстави резултатите од преземените активности и плановите за остварување на 241 проект со кои што ја бара довербата, кои ги препознале граѓаните како неопходно потребни за Битола, и како решавање на проблемите со кои се соочуваат заедно.

-Заради најмалку седум причини, на 31 октомври остануваме на заедничката страна и победуваме заедно за Битола, за секој од нас, за нашите деца, нашите внуци.

1. Јас нема да се штедам и подготвен сум да ги реализирам овие 241 проект

2. Знам како да направам оперативен план и стручни тимови, тоа да биде ефикасно и ефективно реализирано

3. Општината е јавен сервис и ќе работи исклучиво во партнерство со сите вас – нејзините граѓани

4. Свесен сум дека треба некои работи од темел да ги покренеме и силно да притискаме за нивна реализација – како гасификацијата и топлификацијата

5. Тврдам дека целиот интелектуален, стручен и граѓански потенцијал ќе го мобилизирам во интерес на градот

6. Како советник со четиригодишен мандат зад себе, точно знам како функционира локалната самоуправа и како може да се подобри тоа

7. Јас сум еден од вас, сите не мачат истите проблеми и оттаму и мојата мотивираност да влезам во борбата за подобар живот на секој кој што живее во општина Битола, посочува Коњановски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This