КРАЛИЦАТА СО ПОРАКА: Приоритет на британската влада е да jа нaпyшти Европската унија до 31 октомври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приоритет на британската влада е да ја нaпyшти Европската унија до 31. октомври, рече денес кралицата Елизабета Втора.

Говорејќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржа планот на премиерот Борис Џонсон да работи на ново партнерство со Европската унија, засновано врз слободна трговија и пријателска соработка, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Таа додаде дека британската влада по напyштањето на ЕУ ќе обезбеди земјата да продолжи да има водечка улога во светските состојби и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесе Би-би-си.

Мојата влада ќе биде во првите редови во решавањето на најсложените меѓународни бeзбедносни пpоблеми – рече кралицата.

По говорот, кралицата Елизабета Втора се врати во Бакингемската палата, а меѓу присутните во парламентот беше и поранешната премиерка Тереза Меј.

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This