ЛИТИЈА ВО СКОПЈЕ: Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.

 

 

Литијата ќе тргне од храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, по вечерната богослужба што ќе започне во 17:00 часот.

Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7:30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот.

Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This