ЛУКАШЕНКО ЈА ШП ИОНИРА МЕРКЕЛ: ИМАМ ДОКАЗ, НАВАЛНИ НЕ Е OTPУЕН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му порача на премиерот на Русија, Михаил Мишустин, кој е во посета на Минск, дека е пресретнат разговорот меѓу Варшава и Берлин и дека изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за труењето на рускиот опозиционер, Алексеј Навални е фалсификат.

„Забележав, следејќи ги настаните поврзани со Русија, дека се појави нов трик кај нив, на Запад. Повторно „новичок“, повторно труење. Морам да ви кажам дека вчера или завчера, не се сеќавам точно, пред објавата на Меркел, која рече дека сакаат да го замолчат Навални, го пресретнавме разговорот. Како што разбираме, Варшава разговараше со Берлин. Две лица се на врска. „Разговорот беше пресретнат од нашата воена разузнавачка служба“, рече Лукашенко.

Тој вети дека ќе и го предаде на руската страна транскриптот од тој „интересен разговор што јасно укажува дека станува збор за фалсификат“.

„Немало труење на Навални. Група експерти, како што разбрав, ги подготвиле за Меркел, нејзината администрација, фактите, а можеби дури и изјавата што таа ја даде. Тие го сторија тоа со цел да го „обесхрабрат Путин да се меша во работите на Белорусија“, рече Лукашенко.

Тој додаде дека сè ќе испрати до Федералната служба за безбедност на Русија, шефот на ФСБ, Александар Бортников и директорот на службата за надворешни разузнавачи, Сергеј Наришкин.

„Мислам дека оваа ситуација ќе мора сериозно да се разјасни. Ќе ги предадеме текстот и аудио-снимката, материјалите ќе бидат кај вашите специјални служби денес или утре, за да можат тие да го решат“, рече Лукашенко.

Потсетуваме, германската влада, повикувајќи се на лабораторијата на Бундесверот, вчера објави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил „отруен“ со супстанца од групата хемиски воени отрови „Новичок“. Во таа насока, портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека Берлин не ја известил Москва за своите заклучоци и дека Русија нема такви податоци.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This