Под влијание на циклон во Македонија наредниве денови, најпрво во западните делови, ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално повремено ќе биде силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час, информира меторологот Славчо Попоски.
Поголем бран на врнежи од запад ќе започнат во текот на претстојната ноќ кон утрешниот ден понеделник и истите ќе се прошират речиси насекаде. Во западните предели локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2
Инаку според најновите излези на нумеричките модели во следниот период во државава се очекуваат почести продори на влажни бранови и на врнежи.