МАКЕДОНИЈА СТАРТУВА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ: Најголем ривал на Македонија сме самите на себе си

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првпат во историјата се соочуваме со натпреварување во кое сме фаворити, со група во која најдобро котираме, со ривали кои во целост се инфериорни од нас. За првпат ќе мораме, ќе имаме притисок, но истовремено ќе сонуваме. Започнува Лигата на Нации, нашиот полесен пат до Европското првенство – нашиот нов почеток.

Мора да ја наместиме главата дека самите себеси сме си најголеми ривали. Ни Ерменија, ни Гибралтар, ни Лихтенштајн – само самите ние. Само ако не бидеме професионални, концентрирани, само ако не трчаме колку што треба, само ако не ја користиме главата правилно, може да им дадеме шанса на другите.

По подолго време имаме репрезентација со кој пулсира цела нација, повеќе од една година непоразена и максимално подготвена за Лигата на Нации. Мартовските мини-подготовки во Анталија, тест натпреварите со Финска и Азербејџан беа нашата добро завршена домашна задача. Ако не беа повредите на Адеми и Радески, веројатно Ангеловски ќе имаше идеална композиција во главата и на теренот.

Селекторот од поодамна се определи за проверен модел. Костурот на репрезентацијата е познат и потешко е да се влезе во вака формирана група на фудбалери. Веројатно како составен дел од оваа група се Адеми, Радески, Хасани… сите останати мора напорно да работат и чекаат шанса. Формата на нашите фудбалери по само еден месец клупски фудбал е одлична. Радуваат блесоците на Трајковски и Тричковски, лидерството на Пандев, големиот напредок на Барди и Столе Димитриевски, константоста на Спировски, Несторовски, Николов, Ристовски, Алиоски… Дури и системот на игра стана постојан и не се менува така лесно.

Овие предуслови налагаат оптимизам, иако лесни натпревари нема, па ако не пристапиме како што треба, ќе се „самоубиеме“. Затоа најголеми ривали си сме самите себеси, а не Гибралтар, Ерменија и Лихтенштајн.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This