Мединската дokументација важи за pekeтарот, ама не и за pekeтираниот-зошто Кичеец е на слобода, а Камчев во притвор?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев и денеска повтори дека директорот на Управата за извршување санкции го информирал дека Зоран Милески Кичеец ја имал целата потребна медицинска документација за да му бидат дадени триесет дена за лекување.

„Сите треба да бидеме еднакви по закон и на сите ни следуваат еднакви обврски и ни следуваат еднакво и правата. Не ги знам деталите навистина. Вие ми кажувате дека требало седум дена, јас знам дека има медицинска документација, информиран сум од директорот на Управата за извршување на санкции. По самите документи законот е јасен. Веднаш може да се обелодени во јавноста доколку има одреден пропуст. Но, јас знам дека сите наши граѓани ко што се на издржување на казна после одреден период од издржувањето на казната имаат право на викенд, на одреден одмор, имаат право секогаш во издржување на казната и на здравствено лекување, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека во случајот со Кичеец ниту некој имал намера да прави некои протекции, ниту да се дава нешто повеќе од тоа што е вообичаено.

„Јас сум информиран првпат со објавувањето во јавноста дека имал Зоран Милески право на користење на тој прекин на казна заради здравствени потреби. На крајот се доинформирав од директорот на Управата за извршување на санкции. Но, ве повикувам навистина до крај да ги обелодените сите факти“- рече Заев.

Зоран Милевски Кичеец третообвинет во случајот „Рекет“ во изминатиот период требаше затворската казна да ја издржува во струшкиот затвор, но наместо во затвор учествуваше во собраќајна несреќа во која почина едно лице.

Според МВР, Кичеец возел џип мерцедес и со него биле и двајца српски државјани, кои се тешко повредени. Во несреќата учествувале и товарно возило сангјонг, во кое во несреќата загина 34-годишен жител на Гостивар, како и возило БМВ. Покрај еден загинат, во несреќата тешко се повредени уште четворица, а Кичеец и уште двајца се полесно повредени. Несреќата се случи на превојот Стража, во близина на Ново Село.

Премиерот Зоран Заев, во вчерашното обраќање во Пошта за време на промоцијата на нова поштенска марка по повод 30 годишнината од осамостојувањето, повторно коментираше и за Зоран Милески – Кичеец и за сообраќајката која се случи на Стража.

-За настанот дознав од медиумите. Прво сакам да изразам сочувство до семејството за загинатиот, а на повредените да им посакам побрзо закрепнување од оваа сообраќајка незгода. Разговарав со директорот на Управата за извршување на санкции, и ме информираше дека тој имал целосна документација за лекување. Тоа е право на секој затвореник, како што има право на годишен одмор, има право на викенд, така има право на лекување. За деталите ве упатувам на Управата за извршување на санкции. Не знам зошто се упатил кон Скопје, можеби поради лекарска помош, треба да прашате во Управата, рече Заев.

За случајот Рекет на Милески од одредените три му остануваат да одлежи помалку од две години затвор, бидејќи му се смета и времето кое го помина во притвор.

Тој е осуден за делото примање награда за противзаконито влијание за кое уште на првото судско рочиште за „Рекет“ на 3 декември лани призна вина.

Инфомакс и претходно објавуваше дека наместо во затвор Кичеев е забележуван на охридското крајбрежје како ужива на слобода.

За иронијата да е поголема човекот кој го пријави случајот „Рекет“ и поради кој Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец завршија во затвор, бизнисменот Орце Камчев сега се наоѓа во притвор за друг предмет и покрај влошената здравствена состојба.

И покрај обемната здравствена документација која упатува дека тој мора да добие здравствена помош, судот повеќе пати ја одби паричната гаранција и не дозволи поблага мерка за обезбедување присуство.

Камчев има сериозни здравствени проблеми со срцето и неколку пати со амбулантно возило од затворот во Шутка беше одведуван директно на кардиологија.

Орце Камчев, кој е петтообвинет во случајот „Плацеви на Водно“ понуди гаранција во недвижен имот од над милион и седумстотини илјади евра и готовина од 200 илјади евра.

Адвокатот на Камчев, Еленко Миланов истакна дека здравјето на неговиот клиент е нарушено и поради тоа, како што кажа, тој треба да биде преместен во куќен притвор.

„Воопшто не се размислува за евентуална можност за укинување на таа мерка притвор и за почитување на неговата во овој момент нарушена здравствена состојба, за што постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Македонија и од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија. Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на г. Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор“, рече Миланов.

Двојните аршини и односот на судот кон Милевски и Камчев се очигледни.

Се поставува прашањето дали најголемиот грев на Орце Камчев е тоа што го пријави рекетот и целосно ги разобличи судско политичките спреги во Специјалното јавно обвинителство кое после шарената револуција требаше да донесе правда во Македонија.

Сега процесот против Камчев го води токму обвинителка од рекетарското СЈО, обвинителката Лиле Стефанова чие име се споменуваше повеќе пати во сведочењето на бизнисменот во случајот „Рекет“.

Имајќи ја во предвид здравствена состојба на Камчев и нехуманото и нечовечното однесување кон бизнисменот повеќе од сигурно е дека се работи за одмазда.

Пишува: Милош Милошевски\

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This