Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, уште еднаш ја посочи неспособноста на власта соодветно да се справи со здравствената криза и да ги заштити најранливите категории кои се најизложени на фаталните оследици од коронавирусот.
Милошоски сподели апел од лекар специјалист-интернист, кардиолог во ПЗО СРЦЕ, кој и покрај тоа што е здравствен работник на возраст од 65 години, два критериуми кои го ставаат во групата на лица со висок ризик, не е земен во предвид за вакцинирање.
Д-р Николов преку јавен пост на фејсбук побара од министерот и колегите кои се предвидени за вакцинација, но се помалку изложени на ризик од него, доколку сакаат да му отстапат ред за вакцина.