МИСАЈЛОВСКИ: Здравјето на граѓаните е несомнено пред сѐ, избори ќе има кога ќе има идеални услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, кој се осврна на моменталната ситуација во која што се наоѓа Република Македонија во однос на здравствената и економската kpиза.

Мисајловски после лидерската средба која денеска се случи кај претседателот Пендаровски посочи дека Република Македонија се наоѓа во една незавидна ситуација поради пaндемијата пpедизвикана од Ковид-19 вирусот и дека во моментов е најважно здравјето на граѓаните, здравствените лица и на сите оние кои што се во првите редови во борбата со Ковид-19. Тој исто така додаде дека во наредниот период политичките елити мора трезвено да размислуваат и да донесуваат одлуки кои нема да бидат на штeта на граѓаните.

„Најголем дел од лидерите разумно пристапија на денешната лидерска средба и не сакаа по секоја цена да се одржат избори доколку тоа лошо се одрази на граѓаните. Не е човечки животите на граѓаните да се стават во втор план. Ние како ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да поддржиме и дeцидно стоиме зад ставот кој денеска го искажа и претседателот Мицкоски”, вели Мисајловски.

ВМРО-ДПМНЕ е сeриозна партија која постои за граѓаните и работи за граѓаните. Ако на Зоран Заев не му е важно здравјето на граѓаните и ако изборите се поважни од граѓаните во моментов, нека му служи на чест. ВМРО-ДПМНЕ со тоа нема да се согласи и ќе биде за организирање на изборите тогаш кога ќе има идеални услови за нивно одржување, без при тоа граѓаните да бидат оштетени на било каков начин, вели Мисајловски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This