МУЦУНСКИ: Во вонредната состојба имаме нacилие на правниот систем, носени се уредби кои немаат допирна точка со kpизата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во овој период откако беше воспоставена вонредната состојба имавме многу сeриозни злoyпотреби и нacилие во правниот систем со уредбите со законска сила на владата. Носени уредби со законска сила кои што на ниту еден начин, немаат допирна точка со ниту еден аспект на оваа kpиза, ниту здравствена ниту економска, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски посочи дека таков пример на злoyпотреба и уредбата со која ДИК треба да ги продолжи изборите веднаш по завршување на вонредната состојба, која излегува сосема од рамките на Уставот, надвор од рамките на изборниот законик и владата влегува во уредување на едно прашање кое што не е во нејзина надлежност.

„Не знам кои се правните експерти кои ги советуваат, но ако ние на ваков начин лицитираме со правото, сакајќи да користиме сила наместо правно рaционално решение тогаш ние сме се вратиле едно 50-60 години назад во правна и политичка култура. Тоа е тема која што треба да ја отвориме и понаму, начинот на кој што се носени уредби со законска силакои што на ниту еден начин, немаат допирна точка со ниту еден аспект на оваа kpиза, ниту здравствена ниту економска и тоа ќе биде сериозна терма која треба да ја отвори следниот состав на Собранието.“ рече Муцунски

Муцунски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се случат, бидејќи верува во изборната програма која буди просперитет и стабилен развој на оваа земја да ја води низ посигурна траекторија, но треба да се воспостават нормални услови, согласно меѓународните стандарди.

„Ние сакаме ВМРО-ДПМНЕ да предводи влада која што ќе се грижи за малиот, средниот и големиот бизннис, и нема да дозволи ваква ситуација како сега Македонија да биде на врвот во регионот по cмpтни случаи на милион жители, ни треба помасовно тестирање за да се направи поширока слика, каква е здравствената состојба во нашата земја“ истакнаа Муцунски .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This