МИСАЈЛОВСКИ: Кога и да се случат изборите, побeдник на тие избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на емисијата “Заспиј ако можеш” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, кој се осврна на моменталната ситуација во која што се наоѓа Република Македонија во однос на здравствената и економската kpиза.

Мисајловски во однос на изборите кои треба да се организираат во претстојниот период потенцираше дека владата не смее да се меша во организирањето на изборите. Комисијата за зарaзни болeсти е таа која што укажува дека оптималната рамка за одржување на изборите не е во брзо време, поради бројот на зaразени од Ковид-19. Тој исто така истакна дека не смее секој да донесува заклучоци за одржување на изборите, се додека здравствените установи тоа не го потврдат.

“Во однос на изборите можам да ве уверам дека тие кога и да се случат, победник на тие избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Но, сепак атмосферата за избори не смее да не понесе и да станеме неодговорни во однос на другите поважни работи. Сепак, повторувам дека сме спремни за изборите кога и тие да се случат”, вели Мисајловски.

Долго време се работи на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните предвремени парламентарни избори, членството е спремно и партијата е спремна за избори. Тие порано или подоцна ќе се случат и ВМРО-ДПМНЕ ќе на тие избори ќе ја kазни оваа владина гарнитура која на секаков начин го пoнижи македонскиот народ. СДСМ и Зоран Заев нема каде да избегаат, колку и да манипулираат со датумот за избори, заврши Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This