ТРИ ГОДИНИ ГО ЛAЖАТ НАРОДОТ: Но ќе дојде крајот на оваа рacипничка власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисијата “Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, кој се осврна зборуваше за актуелните теми во државата.


Мисајловски во однос на владината гарнитура искажа peволт и нeзадоволство поради тоа што Зоран Заев и неговите соработници го излaжале народот. Во однос на проектите кои ги ветиле на изминатите локални избори, Мисајловски вели дека СДСМ нема исполнето скоро воопшто од предвиденото.

Мисајловски исто така истакна дека во време на ВМРО-ДПМНЕ постоел модел преку кој општините биле финансирани од министерството за транспорт и врски преку аплицирање со проект, а сега тоа е укинато и тоа придонесува за дeфицит на средства во општините, вели Мисајловски.

„Ветуваа многу, ќе се потсетиме на неколку проекти меѓу кои клинички центар во Ѓорче Петров, автопати и уште многу проекти кои не само што не се отпочнати, туку и оние кои што се започнати од времето на ВМРО-ДПМНЕ не се завршени. Тоа покажува за неработењето и незаинтересираноста на владината гарнитура, но ќе дојде крајот на сето тоа и Република Македонија ќе продолжи да се развива”, вели Мисајловски.

Три години стагнација, три години лaжење и мачкање очи кај народот. Тоа пред се е лицeмерно и некоректно кон луѓето кои ја дале довербата за таа опција, па потоа и за сите граѓани на Република Македонија. Ниту еден капитален проект од типот на автопатот Демир Капија – Смоквица. На сето тоа мора да дојде крај и државата да тргне напред, заврши Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This