Митовски: „Рeкет 4“ е доказ дека кoрупцијата не е само перцепција, туку реална состојба во Мaкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс, во вечерашното гостување во „Што не е јасно“ на ТВ Алфас зборуваше за актулните случувања во земјава, меѓу кои и корупцијата во Македонија. Според последните извештаи на Транспаренси интернешонал Македоија е 111 место, односно во последите неколку години доживеала пад од 46 места.

Власта во своја одбрана изјави дека се работи за пеерцепција, а не за реална состојба.

„Перпеција се создава кога поголем број на единки ќе се соочат со одредена ситуација. Ако ние денес имаме сто луѓе и од тие сто луѓе 95 се соочиле со корупција, тогаш тие пренеле на уште 950 луѓе кои то перцепираат врз основа на искуството наовие кои што биле жртви на корупција дека постои голема корупција“, изјави Митовски.

Митовски ги спомна трите големи афери поврзани со рекет кои неодамна беа обелоденети во јавнста, градоначалникот кој пукаше во полиција, градоначалници кои што киднапираа новинари..

Митовски потсети на аферата Рекет 4, која неодамна беше обелоденета на Инфомакс, за обезвреднување на имот на Водно со цел некој од власта да го купи по цена далеку пониска од реалната.

„Ако тоа не е рекет, и ако тоа не е корупција, и ако тоа е само перцепција, ги имаме документите“…, потенцираше Митовски

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This