Мицкоски: Блokираме сè што е погpeшно, а власта е таа што тера погpeшни политики, ако не го правиме ова Заев ќе си прифати глатко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нормално е да блокираме се што е погрешно, но тие освен погрешни политики, не знаат друго ништо да прават. За овие 4 години не можам да се сетам на ниту една добра работа која ја направиле за државата, народот или нацијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за „Што не е јасно“ на Алфа.

Мицкоски потенцираше дека тоа што власта на почеток еуфорично го најавуваше како радиодифузна такса, или евтина тарифа за електричната енергија им се удри од глава и народот три пати го плати тоа.

-Станува збор за луѓе кои имаат медиокритетски карактер, кај нив не може да очекувате нешто кое ќе биде авангарда, нова политика и Македонија да направи крупни чекори, и да ја видиме подалеку, ова се луѓе со потпросечни капацитети. Овие 4 години ние тоа го гледаме Нормално е дека кога гледаме дека сите шанси ги пропуштиле, да мислиме решенија за утре кога ќе ја имаме ние одговорноста, а дотогаш да ги блокираме погрешните политики на власта, изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ и така ќе продолжи и ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги аминува овие погрешни политики на Зоран Заев и СДСМ, тогаш се лаже.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки да го спречи Заев да ја прифати бугарската декларација, бидејќи ако сега не се спречи, Заев и Бучковски ќе прифатат глатко.

– Побаравме да се заземе државен став позади кој ќе застанат сите политички партии, како договор на Декларацијата на бугарскиот Парламент, но ме нападна и рекоа дека тоа е за еднократна употреба заради изборите во Бугарија, но 2 години подоцна гледаме дека содржината на тој документ е услов да ние како Македонија ги почнеме преговорите со ЕУ. Заев континуирано вели дека не преговара за идентитетот и јазикот, а тоа е основата во Декларацијата, во која има услов и за антифашистичката борба на македонскиот народ. Сите демократски алатки ќе ги искористиме да ги спречиме Заев и Бучковски да ја прифатат Декларацијата, нагласи Мицкоски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This