Мицкоски до Заев: Некој свесно заборава дека мандатот за владеење го дава народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашното интервју на Заев, на својот Фејсбук профил напомена дека Заев свесно заборава дека мандатот за владеење го дава народот, а не поединци кои работат за туѓи агенди и за спас на своите политички кариери. Предлогот за учество во владата на Заев со цел протуркување на договорот со Грција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека го смета за непристоен предлог, надвор од неговите морални принципи.

– Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери.
Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи.

Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие кои што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби. И кога веќе е очигледно дека тонат, и во тонењето продолжуваат да лажат, па измислуваат некакви барања за амнестии кои треба да го покријат очајот.

Но чукаат на погрешна врата, како што нагласив и претходно, компромиси со моите принципи нема да има. А непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер.

Влада чија главна задача се делење на државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, хедонизмот цвета, а корупцијата е заеднички именител не може да биде влада која ќе донесе иднина, туку влада која ќе зациментира небиднина, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This