Мицкоски на меѓународниот ден за образование: Власта системски го yништува образованието, 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук денеска на меѓународниот ден на образованието вели дека власта системски го уништува и дека 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери.

-Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:

– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;

– штрајк на матурантите;

– “реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;

– со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;

– со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;

– и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.

Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија.

Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува.

Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This