Муцунски: Меѓу главните приорите на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реализирање на реформи во здравствениот систем, поквалитетно образование, повисоки примања за нашето образование

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Тимчо Муцунски во Дебата на Македонската радио телевизија посветена на парламентарните избори 2020 година на која учествуваше со актуелната вицепремиерка за економски прашања, Мила Царовска истакна дека земајќи во предвид колку ќе биде специфична оваа кампања, многу внимание ќе треба да посветат на барањето алтернативни модалитети за преставување на нивните програми и понуди до граѓаните.

Тој посочи дека од посебно значење ќе ни биде и можноста да гостуваат во медиумите и да ги искористат сите медиуми со цел да допрат до граѓаните така што ВМРО-ДПМНЕ ќе претстави програмата, која што ние ја нарекуваат „Проект Обнова“, која е визија и надеж за тоа како Македонија треба да се движи во следните четири години.

-Тоа што ние ќе го понудиме, што веќе е излезено како политичка понуда, заклучно со вчерашниот ден, е политичка програма која што се базира на неколку основни фундаменти. Првиот е развиен економски систем, намалени даноци, намалени административни бариери за претприемачите, а по транспарентен модел на јавни финансии кој што ќе обезбедува многу повеќе буџетски средства кои што ќе се користат развојно, рече Муцунски.

Тој посочи дека во нивната програма ќе понудат на граѓаните за овие избори ќе има повеќе капитални инвестиции, обезбедување на правда за граѓаните, нешто што навистина и фали на Македонија.

-Јас би рекол и обезбедување на правна предвидливост, и тоа е сериозен проблем за голем број на граѓани. Зборуваме во нашата програма за потребата од дигиталација на Македонија. Тука се уште немаме доволен напредок, земајќи ги во предвид трендовите кои што ги има на нашиот континент, констатираше Муцунски.

Тој потенцираше дека меѓу главните приорите на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реализирање на реформи во здравствениот систем, пристојни услови во нашите здравствени установи, поквалитетно образование, повисоки примања за нашето образование.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This