Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ е во предност бидејќи aнкетитe кажуваат дека двете најголеми партии според процентите имаат иста стартна позиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

CДСМ ги нема тие 5 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, затоа велам кога стартуваат и двете партии од иста стартна позиција, дали еден отсто за едните или еден отсто за другите не е битно. Во тој случај опозицијата е во предност. Според процентите значи, перцепцијата кај граѓаните не е дека СДСМ ќе победи на овие избори, перцепцијата во моментов е дека се уште не е јасно. Имате луѓе кои на пред три дена на избори се решаваат да гласаат. Според претходните анкети од претходните избори тој корпус на гласови секогаш оди кај опозицијата која и да е таа. Затоа реков дека опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ, поради овој корпус на гласови кои им е се уште страв да кажат за кого ќе гласаат или кои што можеби се уште не се решени, вели Владимир Божиновски – директор на Институтот за политичко истражување во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија.

Но, според Божиновски треба да се почека, според тоа и како ќе се одвива ситуацијата со короната, за да се види колкава ќе биде излезноста.

-Колку помалку заболени ќе има, но на над 1000 тестови, толку е поголема веројатноста да излезат повеќе граѓани. Короната е меч со две острици, стоење зад знамето и давање поддршка на државата односно партијата која што е во моментов на власт, значи дека граѓаните ја идентификуваат таа власт со сама држава како што некој треба да ги заштити. Првиот месец, два имаше многу позитивен ефект директно врз СДСМ преку Венко Филипче, но свесни дека тоа е привремено се избрзаа Заев ја најави таа нова нормалност и се случи втор бран кој што е многу пострашен. Сето тоа што беше позитивно се сврти и сега како бумеранг, наместо да им дава гласови на СДСМ – им одзема. СДСМ делеше флаерчиња со тоа дека ја победиле короната, сега сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи тие истите флаерчиња за да докаже дека еве видете СДСМ лажел, објаснува Божиновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This