Екс пратеничката на СДСМ која во моментов е активна на политичката сцена со својата нова политичка партија, Солза Грчева на својот Фејсбук профил предвиде црна иднина на политичката кариера на Зоран Заев и неговите сопартијци кои сеа актуелни владини функционери.
Имено таа истакна дека после референдумот за промена на името кој ќе се одржи на 30-ти септември оваа влада и нејзините јавни и тајни помагачи ќе заминат во заборав и воедно повика на бојкот на престојниот референдум.
На 30-ти септември, оваа влада и нејзините јавни и тајни помагачи. одат во заборав.
БОЈКОТ, напиша Солза Грчева на својот Фејсбук профил.