Несреќата ги зближи: Кејт Мидлтон и се јавила на Меган, по нејзината исповед за губење на бебето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спонтаниот абортус што го доживеа Меган Маркл ова лето ги зближи двете јатрви

За нарушениот однос меѓу војвотката од Сасекс и јатрва ѝ Кејт Мидлтон се зборуваше во медиумите веќе подолго време, но сега магазинот „Нова идеја“ пишува дека паднало помирување.

Имено, кога дознала за абортусот, Кејт и се јавила на Меган и и изразила жалење, велејќи дека принцот Вилијам и таа едвај чекаат да ги посетат во Америка, штом ситуацијата со пандемијата на коронавирусот малку се смири.

Извор близок на Меган потврди дека Кејт направила чекор кон помирување со тој повик.

Имено, брачните парови на кралското семејство не се сретнале од март годинава, кога Меган и Хари ги напуштија кралските должности и се преселија во Америка, што предизвика напната врска.

Браќата Хари и Вилијам се во кавга веќе подолго време, а Меган, според извештаите на медиумите и тврдењата на бројни извори блиски до семејството, се чувствувала отфрлена од војводата и војвотката од Кембриџ, како и целото кралско семејство.

Затоа, топлиот и сочувствителен потег на јатрвата ја изненади и ја разнежни во толку тежок момент.

Latest News

Discover the Best Bets with FB88 Login

Are you tired of constantly searching for the best bets when it comes to online gambling? Look no further...

More Articles Like This