Приватниот живот на нашата позната пејачка Каролина Гочева за разлика од оној на нејзините познати колеги, не е толку експониран во јавноста.
Тоа е така бидејќи пејачката има свои правила и не сака многу да ја меша работата со она што и се случува на приватно поле. Овој пат, на изненадување по подолго време, таа објави фотографии со својот сопруг Михаил Корубин на опуштена прошетка на Пелистер и Баба Планина. Пејачката поради целата ситуација со пандемијава речиси целото лето го помина во родниот град Битола.