Николоски најави интерпелации за Маричиќ и Николовски, кои се одговорни за kopyпцијата во македонското општество

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Вестите на Канал 5 телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со корупцијата во Македонија рече дека ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелации и за министерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, како и против министерот за правда Бојан Маричиќ, како одговорни што македонското општество скапува во корупција.

-Главниот проблем на Македонија е тоа што скапува во корупција од најниско до највисоко, човек не може обична работа да заврши, документ да извади на шалтер доколку не почасти некој службеник, па завршувајќи со крупните тендери кои ги дели Заев и неговото семејство – истакна Николоски.

Тој вели дека корупцијата царува и се отсликува во последниот Извештај на Транспаренси, по кој Македонија е на историско најниското ниво откако се мери корупцијата во Македонија, историското 111 место во друштво на држави кои и прашање е дали функционираат како нормални држави и политички системи.

-Ова покажува дека корупцијата го скапува македонското општество, а двајца беа одговорни за таа работа фамозниот потпретседател на Владата за борба со корупција кој гледаме ако се бори и министерот за правда и затоа поднесуваме интерпелација за двајцата – вели Николоски во Вестите на Канал 5 телевизија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This