Новите „Јастреби“ во кабинетот на Бајден, со историјат на закани кон Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следниот началник на Пентагон би можел да ја зацементира веќе цврстата одбранбена линија на САД кон Кина, ако се следи историјатот на заканите. Еден кандидат кој сугерира дека американските сили би можеле да го зајакнат одвраќањето со можноста да ги „потопат сите кинески пловни објекти во рок од 72 часа“ во Јужното кинеско море.


Мишел Флурној, потсекретар за одбрана во администрацијата на Обама, беше промовирана како можен секретар за одбрана во кабинетот на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден.

Во една статија во списанието „Форин аферс“ во јуни, Флурној рече дека како што опаѓа способноста и решеноста на Вашингтон да се спротивстави на воената наметливост на Пекинг во регионот, на САД им треба солидно одвраќање за да се намали ризикот од „погрешна пресметка“ од раководството на Кина.

„На пример, ако американската војска имаше способност веродостојно да се закани дека ќе ги потопи сите кинески воени бродови, подморници и трговски бродови во Јужното кинеско море во рок од 72 часа, кинеските лидери можеби ќе размислат два пати пред, да речеме, да започнат блокада или инвазија на Тајван. Тие ќе мора да се прашуваат дали вреди да се изложи на ризик целата нивна флота“, вели во написот Флурној.
Одбранбените и дипломатските набудувачи рекоа дека реализацијата на таа идеја ќе има огромна цена, но назначувањето на неговиот застапник ќе сигнализира дека САД ќе продолжат да натрупуваат воен притисок врз Кина

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This