- Advertisement -
Нов земјотрес денеска го потресе хрватскиот град Сисак.
Во 15.19 часот на подрачјето на Сисак повторно е почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер. Епицентарот е на 19 километри југозападно од Сисак, а се почувствувал од Банија до Загреб. Хрватска со денови ја тресат земјотреси. Само денеска има повеќе потреси. Петриња, Глина и Сисак беа најпогодени места.