Нac Haвaлни ќe ни гo донecaт: Aлбаниja дoби донaциja oд 10.000 pycки вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Албанија денеска беа испорачани првите 10.000 дози од руската вакцина „Спутник V“, донација од Обединетите арапски емирати.

По предлог на Владата, Парламентот во Тирана пред неколку дена даде зелено светло за употреба на руските и кинеските вакцини.

Албанија со денешната пратка има обезбедено над 90 илјади вакцини, од нив над 38 илјади од АстраЗенека, додека останите од Фајзер. Со вакцинацијата до сега се опфатени околу 47 илјади лица, здравствен работници, постар лица од 80 години и просветни работници.

Во Македонија пред неколку недели пристигна првата пратка од вакцината против коронавирусот (Ковид-19), на рускиот производител „Спутник V“.

На заедничката изјава на Советот за човекови права, со која се повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода, потпишана и Македонија, веста ја пренесуваат повеќето регионални медиуми.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.

– Апсењето на Навални и изрекувањето на казна се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна.Тоа се случи во контекст на обидот да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет – беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права, цитирана од некои медиуми во регионот.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This