- Advertisement -
Репрезентацијата на Аргентина вечерва се радуваше на првата победа во Копа Америка со која си го чекираа билетот за четвртфинале. До побeдата од 2-0 гаучасоите дојдоа со погодоците на Лаутаро Мартинез и Кун Агуеро.
Во корист на Аргентина беше и резултатот од мечот помеѓу Колумбија и Парагвај, каде популарните „триколори“ славеа со 1-0, па „гаучосите“ со четири бода се втори во групата Б зад Колумбија која има максимален учинок и 9 бода.