Од септември трета доза вakцина за старите и paнливи лица во Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија планира од 1 септември да воведе примена на трета доза на вакцините против Ковид-19 за старите и ранливи лица, пренесува агенцијата Франс прес, повикувајќи се на предлогот на Министерството за здравство.

Нацрт-текстот предвидува и вакцинација на деца и млади луѓе на возраст од 12 до 17 години.

Министерот за здравство Јенс Спан и неговите колеги од 16 германски федерални покраини треба да го завршат планот, што го направиле шефовите на Министерството за здравство на состанокот во понеделникот.

Во текстот се наведува дека мобилните тимови ќе ги посетат установите за нега на стари лица со цел дополнително да ги вакцинираат корисниците со вакцините „Вајзер/Бионтек“ и „Модерна“, без оглед на тоа која вакцина ја примиле порано.

Во исто време, лекарите ќе можат дополнително да вакцинираат постари лица и пациенти со ослабен имунолошки систем.

Документот од германските здравствени власти се повикува на неодамнешното истражување кое покажува дека имунитетот стекнат со вакцинација ослабува со текот на времето и дека тоа ги става чувствителните луѓе во ризик.

Во Германија, само 52% од населението досега е целосно вакцинирано, а здравствените власти сакаат да ги отворат сите точки за вакцинација за млади на возраст од 12 до 17 години, за да може вакцинацијата да ја организираат училишните институции и универзитетите.

Агенцијата Франс прес потсетува дека Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри вакцинација со вакцината „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ за сите лица постари од 12 години.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This