Пантелејмон, Горно Нерези – духовен мир на падините на Водно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во не­до­пре­на­та при­ро­да на пла­ни­на­та Вод­но, на са­мо осум ки­ло­ме­три ју­го­за­пад­но од Скоп­је, на те­ри­то­ри­ја­та на Оп­шти­на Кар­пош се на­о­ѓа 12 ве­ка ста­ра­та ма­на­стир­ска цр­ква „Св.Пан­те­леј­мон“, ко­ја е сме­сте­на во нај­мир­но­то се­ло – Гор­но Нерези.

Из­гра­ден е од оби­чен крш­лив ка­мен, из­ва­ден од око­ли­на­та на ма­на­сти­рот, но со го­ле­мо мај­сторс­тво ка­ме­ња­та се вгра­де­ни во по­ли­хром­ни по­вр­ши­ни што да­ва­ат сли­ка на об­јект кој ка­ко да израс­нал од ед­на мо­но­лит­на кар­па, ко­ја во гор­ни­от дел за­вр­шу­ва со ед­на по­го­ле­ма ос­мо­стра­на и че­ти­ри по­ма­ли че­ти­ри­стра­ни ку­по­ли. Исто­ри­ја­та на оваа цр­ква е го­ле­ма. Да­ти­ра од 1164 го­ди­на, а таа би­ла из­гра­де­на со средс­тва­та на ви­зан­ти­ски­от принц Але­ксеј, син на Кон­стан­тин Ан­гел и Те­о­до­ра, најм­ла­да­та ќер­ка на ви­зан­ти­ски­от им­пе­ра­тор Але­ксеј Пр­ви Ком­нен. Са­ми­от кти­тор на овој ма­на­стир ре­кол: „Јас не дој­дов ов­де да из­гра­дам ве­ле­ле­пен храм, ту­ку дој­дов да из­гра­дам мал храм со го­ле­ма вна­треш­на ду­хов­ност и уба­ви­на“. Гле­дај­ќи ја се­ко­ја фре­ска и се­кој вгра­ден ка­мен, овој ма­на­стир е бо­гат со ед­на ду­хов­на топ­ли­на и мо­ли­тве­на спи­ра­дост.

Не­ве­ро­јат­но чув­ство е да би­де­те та­му и да ја за­тек­не­те це­ре­мо­ни­ја­та вен­ча­ва­ње и кр­ште­ва­ње. Нас­ме­а­ни­те ли­ца и ис­пол­не­ти пог­ле­ди на мла­ди­те и нај­ми­ли­те се уште еден до­каз де­ка во ма­на­стир­ска­та цр­ква и до ден-де­нес се одр­жу­ва­ат раз­ни чи­но­ви ка­ко што е све­то­то тај­но вен­ча­ние и све­то­то тај­но кр­ште­ние. Са­мо­то вен­ча­ва­ње и кр­ште­ва­ње се прос­ле­де­ни од пе­е­ње­то на цр­ков­ни­от хор, што ја пра­ви це­ре­мо­ни­ја­та по­све­че­на и не­за­бо­рав­на. Око­ли­на­та и при­ро­да­та, ка­ко и над­во­реш­на­та и вна­треш­на­та уба­ви­на на це­ли­от об­јект, оп­кру­жен со зе­ле­ни­ло, ка­ко и ре­сто­ра­нот за не­за­бо­рав­ни мо­мен­ти ја зго­ле­му­ва­ат жел­ба­та за ове­ко­ве­чу­ва­ње на ми­го­ви­те на за­до­волс­тво и сре­ќа. Ја пре­по­ра­чу­ва­ме оваа лет­на де­сти­на­ци­ја ка­ко уни­кат­на и единс­тве­на, за се­кој кој ќе по­са­ка да из­бе­га од скоп­ски­от ме­теж. Не­ка го сто­ри тоа во овој бож­ји храм и не­ка го по­ба­ра сво­јот ду­ше­вен спо­кој и мир.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This