Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел претрпе пораз на важни избори во две германски покраини, што ги ги намалија шансите на лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, да стане следен канцелар на Германија на изборите во септември.
Зелената партија го зголеми водството во Баден-Виртемберг пред ЦДУ во споредба со пред пет години. Зелените освоија 31,5 проценти од гласовите во Баден-Виртемберг, додека ЦДУ освои 23 проценти, според излезната анкета на државната телевизија ЗДФ.
Во провинцијата Рајнска област-Пфалц, Социјалдемократската партија (СПД) освои 33,5 проценти од гласовите и со тоа победи на изборите во трката со ЦДУ, која освои само 25,5 проценти од гласовите.