Пендаровски упати честитка до христијанските верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник – Божик, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.

Почитувани,

Дозволете ми, на сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам големиот празник и да ви посакам празничните денови да ги минете во мир и во хармонија, исполнети со радост и со среќа.

Празникот на Христовото Раѓање секогаш асоцира на време поминато во прегратка на најблиските, среде топлината на нашите домови. Да ја испочитуваме традицијата и годинава да прославуваме во рамките на најтесното семејство, да избегнуваме движења, собирања и да придонесеме со своето одговорно однесување за запирање на ширењето на пандемијата на Ковид-19 и за зачувување на животите и на здравјето на нашите сограѓани. Нека големината на овој празник и неговото значење ни бидат духовна поткрепа и надеж за надминување на кризата и за конечно враќање на нормалното секојдневие. 

Се надевам дека ќе успееме да ја зачуваме енергијата и светлината на божиќните празници преку целата година, останувајќи грижливи, солидарни и хумани, постојано имајќи добра мисла и дарувајќи љубов.

Христос се роди!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This