Заев и Димитров го кријат документот со кој се условува датумот за преговори и во исто време функционери на СДСМ продолжуваат со криминалот во државата, обвинyваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ги нагласија фактите кои го одбележаа денешниот ден:
1.Заев и Димитров го кријат од јавноста понижувачкиот документ со кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори на Македонија.
2.Во услови на пандемија Вилма Русковска ослободува криминалци и со тоа докажува дека е соучесник во случајот „Рекет“ и помага на нарачателите и Зоран Заев да ги прикријат трагите.
3.Поради непланско, недомаќинско и нестручно работење на СДСМ состојбата со депонијата во РЕК Битола е алармантна.
4.Советникот на Заев, Даниел Димовски го прекршиле законот и постапката за земање под закуп на дел од СРЦ Кале.
5. Заев бара избори. Поважна му е фотелјата отколку здравјето на граѓаните.