Пол Погба во шокантна изјава најави дека е подготвен да си замине од Манчестер Јунајтед по три години поминати на Олд Трафорд.
„Постојат приказни и различни мислења. Имав добри и лоши моменти во Манчестер, тука сум веќе три години. После оваа сезона, мислам дека е време да си барам нов предизвик.
Размислувам за тоа подолго време, сакам да ја продолжам кариерата на друго место“, изјави 26-годишниот Погба.
Французинот е најблизо до потпис со Кралевите од Мадрид, каде што тренерската палка ја превзема повторно Зидан кој е голем фан на играта на Погба.