На социјалните мрежи има лавина на коментари од страна на незадоволни граѓаните поради новите ингеренции кои ги добиваат државните институции. Граѓаните се незадоволни поради проектот за масовна процена на станови која ќе ја прави државниот Катастер и поради тоа што банкарските сметки нема повеќе да бидат банкарска тајна, а во нив увид ќе има УЈП. Ова е вовед во тоталитарна, полициска држава во која ниту еден граѓанин ќе нема право на својата приватност.
Граѓаните коментираа на оваа тема и на Твитер, а извесна Сара Максимовска вели:
-Од катастер ќе ги влагаат дома, од УЈП на сметка… Што е следно? Можеби статистиа треба да води евиденција колку често имаме секс?