Првиот лeкap во САД го 3AПAЛИ СВЕТОТ: Фаучи не е убеден дека кopoнавирусот е настанат природно, бара независна истрага

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врвниот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи вели дека тој не е „убеден“ дека новиот коронавирус се развил природно и повика на независна истрага за потеклото на вирусот Ковид-19.

Кога доктор Фаучи беше запрашан на еден настан дали тој сè уште е уверен дека коронавирусот се развива природно, тој рече: „Не сум убеден во тоа, мислам дека треба да продолжиме да истражуваме што се случувало во Кина додека не дојдеме до објаснувањето “.

„Секако, луѓето кој го испитуваа потеклото на вирусот велат дека веројатно се појавило во животински резервоар, а потоа заразило поединци, но може да станува збо за нешто друго, и треба да го откриеме тоа. Значи, знаете, тоа е причината што реков дека јас стојам зад секоја истрага што ќе го истражува потеклото на вирусот “, вели Фаучи, а пренесува Фокс Њуз.

Главниот медицински советник на администрацијата на Бајден ги даде овие забелешки за време на настанот „Обединети факти на Америка: Фестивал на проверка на фактите“.

Кога беше запрашан дали вирусот Ковид-19 можело да побегне од лабораторија, директорот на Националниот институт за алергии и инфективни болести (НИАИД) рече дека стои зад секоја истрага во Кина

Сепак, тој не ја исклучи експлицитно таквата можност. Тој повтори дека акериканскиоте НИАИД и Националниот институт за здравје категорично не финансирале истражувања за добивање функција, односно генетски инжинеринг со коронавирусот кои се спроведувале во Институтот за вирусологија во Вухан.

Минатата година д-р Фаучи во голема мера ја отфрли теоријата дека смртоносниот вирус Ковид-19 со кој се заразени над 165 милиони луѓе ширум светот и над 3,5 милиони луѓе починале досега, да бил генетски инженеринг и да протекол од лабораторијата во Вухан, Кина.

„Фокс њуз“ истакна дека претставниците на администрацијата на Доналд Трамп и Републиканците долго време тврдат дека постои голема можност Ковид-19 да е резултат на протекување од лабораторија во Кина, пренесува Фокс њуз.

Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела ја прогласи теоријата за истекување на лабораторијата за „малку веројатна“, но дури и д-р Тедрос Аданом Гебреизус, шеф на СЗО, рече дека проценката на истражувачкиот тим за тоа дали вирусот влегол во човечката популација по лабораториски инцидент не е „доволно обемна“ и бара понатамошно испитување.

Белата куќа сè уште не кажа дали се има докази за да се побие теоријата со преотекување од лабораторија, но се придружи на повиците за независна истрага.

1 коментар

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This