Зборувајќи за петтот пакет мерки пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, во своето гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Теллма, во однос на обвинувањата дека опозицијата е таа што ги кои мерките изјави дека тие се спремни уште утре да излезат, и да ја изгласаат помошта која очајно му е потребна на народот, но само доколку власта е коректна
„Доколку на 23 одиме со законите кои што живот значат за оваа еконоомија, ова стопанство, бидејќи стопанството ни е пред колапс, да вбризгаме средства, ние сме тука да го поддржиме.“, беше јасен Пренџов.
Тој образложи дека опозицијата бара парите да бидат насочени кон стопанството и јавно апелаираше власта да не се обидува со дополнителни задолжувања и непродуктивни трошења.
„Тоа можеме да го изгласаме и утре. Да бидеме чесни пред граѓаните, ние сакаме да гласаме за петти пакет мерки, а вие сакате да гласате за низа други закони. Дај да бидеме чесни и утре да им изгласаме на луѓето“, нагласи Пренџов