Пренџов: Власта зборува дека им помага на фирмите, а не кажува дека фирмите ќе треба да ги вратат парите исплатени како помош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма на која тема на разговор беше петтиот пакет на мерки за финансиска помош на Владата кој сѐ уште не е ставен на дневен ред, иако власта обвинува дека опозцијата го блокира неговото усвојување.

Пренџов потенцираше дека конкретно за овој пакет на мерки, на власта не и е потребен кворум, бидејќи опозицијата ќе ги поддржи законите кои се однесуваат на мерките, и дека само од власта зависи дали истите ќе бидат усвоени. Пренџов најави неколку амандмани во однос на траењето на помошта, одосно продолжување на исплатата за уште два месеци.

Тој го спомна и амандманот кој веќе му е поднесен, а се однесува на т.н. помош на власта со исплатата на тие 14,500 денари кои фирмите, доколку остварат добивка, чќе треба да ги вратат.

„Владата зборува дека со тие 14,500 денари им помага на фирмите и граѓаните. Кога вие на мене ми помагате, не очекувате ништо за возврат. Вистината не е дека Владата помага, вистината е дека им позајмува на фирмите, бидејќи истите тие, сега во март, ако се позитивни на завршана сметка, тие 14,500 денари ќе треба да ги вратат, така е по закон. И ние поднесовме амандман тоа да се поништи затоа што и оваа година, која што рачунавме дека веќе требаше да бидеме вакцинирани, ќе бие подобра економски, во општо не е добра по првите показатели“, појасни Пренџов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This