Приведени тетовци за пиротехника

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца тетовци се приведени денеска откако полицајци кај нив нашле околу 300 парчиња пиротехнички средства. Приведените се откриени околу 14.30 часот.

-Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ш.(46) и Б.А.(20), двајцата од Тетово, затоа што биле затекнати како продаваат пиротехнички средства. Кај нив биле пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновиден пиротехнички материјал. Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 8 од Законот за заштита од експлозивни материи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Вчера тетовската полиција приведе 27-годишен жилтел на тетовско Селце, кај кого беа најдени над девет илјади парчиња пиротехнички средства и петарди.

Согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност.  Дистрибуирање на пазарот во поголеми количини на пиротехника е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор три до пет години.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This