Група граѓани, како што пишува порталот на албански јазик „Па Цензуре“ од Албанска националност, попладнево се собрале пред домот на новинарот Миленко Неделковски да протестираат, наводно навредени од неговите објави на Фејсбук
„И сега, што?
МВР ќе преземе нешто заради вакви закани?
До ОЈО ќе допре ли глас за говор на омраза?
ОБСЕ ќе реагира ли?
Новинарските здружениа ќе се јават ли?
Партиите ќе се огласат ли?
Опозицијата ќе каже ли нешто на прес конференција?
Министерот за внатрешни има ли некоја дума?
Комисијата за заштита од дискриминација ќе каже ли нешто?
Патриотските здруженија ќе молчат ли?
ВМРО ДПМНЕ каков став ќе заземе?
Инаку, ова не е моја куќа. На ќерка ми е.“ – прашува Неделковски на својот ФБ профил.