Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изјави дека во нашава земја патарините се со ниски цени и порача дека кога ќе се воведат двете нови патарини на автопатот Скопје – Штип, на тие што им е скапо, ќе можат да патуваат преку Велес или преку локалните патишта.
Следниот месец почнува изградбата на двете нови патарини на автопатот Скопје Штип. Едната патарина е во Преод, а другата во Кадрифаково. Со изградбата патувањето ќе поскапи за 120 денари затоа што патарината кај Преод ќе чини 50 денари, а кај Кадрифаково 70 денари. Досега од Скопје до Штип се патуваше за 40 денари – сега 160 денари.
На ваквата изјава на Бочварски имаше жестока реакција на јавноста, реагираше и професорката Дарија Арсовска.
-Нека го потсети некој тоа тутулето со патарините дека авионска карта до Рим е (ок, беше со Wizzair, не знам дали ќе биде) 10 евра.
Авионска.
До Рим.
Или дека со една вињета од 9.5 евра може да се вози десет дена кај сака и колку сака во Австрија.
10 дена.
Австрија.
Тиквари. Лихвари, пишува таа.