Изборната комисија во некои земји одлучи да престане со броењето и да продолжи да работи во среда. Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Џорџија ќе продолжат со борњето во 16.00 часот по локално време, пренесува Си-Ен-Ен, пишува Танјуг.
Некои окрузи во Пенсилванија дури и не започнаа да ги пребројува гласовите што пристигнаа по пошта, па затоа ќе го сторат тоа во текот на денот.
Поштарите имаа многу работа бидејќи голем број луѓе гласаа од далечина, плашејќи се од вирусот и се верува дека повеќето од тие гласови ќе му припаднат на Џо Бајден, се додава во извештајот, потсетувајќи дека неговата кампања ги охрабри демократите да гласаат предвреме. додека се верува дека гласачите кои денеска излегоа на гласање се повеќе на страната на Трамп.
Трамп и неговиот тим ја повикаа изборната комисија да ги знае резултатите денес, сепак, технички постои можност пребројувањето да трае со недели пред да се потврдат гласовите.