САД ce пoдгoтвyвaaт зa peкopдeн тoплoтeн бpaн: 54,4 cтeпeни измepeни вo Дoлинaтa нa cmpттa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во западниот дел на САД, жештината е екстремна, а рекордни температури се очекуваат во Калифорнија и Невада во наредните денови, објави Би-Би-Си.

Ова се случува неколку недели откако жешкиот бран го погоди северниот дел на САД, кој го доживеа најтоплиот јуни во историјата. Во петокот беа измерени 54,4 степени Целзиусови во Долината на смртта, Калифорнија, а слична топлина се очекува викендов.

Милиони луѓе во САД живеат под предупредување на голема жештина. Националната метеоролошка служба ги советуваше жителите да пијат многу вода и да останат во климатизирани области.

Температурата во Долината на смртта во петокот се совпадна со онаа регистрирана во август 2020 година, што според некои е највисока досега забележана температура на Земјата. Во 1913 година е регистрирана температура од 56,7 степени Целзиусови, но тоа го оспоруваат експертите за клима.

Пожарникарите, кои се борат со бројни шумски пожари во регионот, велат дека воздухот е толку сув што поголемиот дел од водата што ја испушта авионот за да го изгасне пламенот испарува пред да падне на земја.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This